Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски и Радев разговараа за можностите Македонија да набавува струја од Бугарија

(Видео) Пендаровски и Радев разговараа за можностите Македонија да набавува струја од Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски и претседателот Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа.

На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива.

Можете да прочитате

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии