Утрински Весник
Магазин

(Видео) Патник во авион направил драма за време на лет оти плачело бебе

(Видео) Патник во авион направил драма за време на лет оти плачело бебе

На социјалната мрежа „Тик-ток“ се споделува видео од патник на летот на „Саутвест ерлајнс“ за Орландо, Флорида, кој вреска и арогнатно им се однесува на родителите на бебе кое плаче.

dobivaj vesti na viber

Бесот човекот, ги остави останатите патници во тотално чудење. Како што пишува Дејли Мејл, бебето непрекинато плачело 45 минути.

Неочекуваната ситуација се случила додека авионот бил во воздушниот простор во близина на „Палм Бич“ и не можел да слета поради лошите временски услови.

Поради плачот на бебето, мажот почнал да зборува со повишен глас за тоа како ги платил билетите мислејќи дека ќе добие удобен лет, но не излелно ништо според планот поради вресокот на бебето. Видеото има повеќе од 167.000 прегледи на TikTok откако беше поставено вчера.

Кога стујардот се обидел да ја смири ситуацијата, тој му рече: „Во ред, затоа што викаш…“, патникот го прекинал и рекол: „И бебето плаче“.

Стјуардот се обидел да му објасни дека е поинаку бидејќи тој всушност е возрасен, но нервозниот патник возвратил: „Дали тој кучкин син доплати за да може да вреска? Ј*** и замолчи.

Снимката е објавена пред два дена.

@mjgrabowski♬ original sound – bad_ideas_galore

Можете да прочитате

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца

Шакира носеше фустан со 200.000 кристали на финалето на Светското првенство

Сините патувања меѓу најпознатите туристички трендови: Туркије ги открива најубавите рути на Егејот и Медитеранот