Утрински Весник
Македонија

(Видео) Папазов: Капиталните инвестиции за Кочани за 2023-та година се во вредност од над 100 милиони денари

(Видео) Папазов: Капиталните инвестиции за Кочани за 2023-та година се во вредност од над 100 милиони денари

„Почитувани, 2022 година беше полна со предизвици. Како нова локална власт и покрај кризата и опструкциите од власта исклучително сум горд што успеавме да сработиме повеќе од четирите години на минатата локална власт. Енергетската криза енормно ни ги зголеми трошоците, но и покрај кризата нашата цел е да изградиме помодерно и поубаво Кочани“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Папазов додаде дека капиталните инвестиции за 2022 година беа во висина од 140 милиони денари.

„Креиравме буџет заедно со граѓаните. Овозможивме тие да постават приоритети и ние нивните идеи да ги преточиме во проекти“, истакна градоначалникот на општина Кочани.

„Капиталните инвестиции за Кочани за 2023-та година се во вредност од над 100 милиони денари. Се обврзувам дека ќе се изгради објект за домување на лица од социјален ризик, ќе се реализира проектот за реставрација на споменикот на Слободата во Кочани и ќе се опреми мултикултурниот центар во Кочани“, нагласи Папазов.

Папазов најави дека следува уште една година во Кочани во која што ќе се докаже дека со посветена работа промените се случуваат, а делата се чувствуваат.

„Во нашата општина има новости, има разлика. Има проекти и инвестиции. Мојата улога како градоначалник е да ве направам горди и да ја оправдам довербата. Мојата одговорност е Кочани да биде урбана општина , општина која се развива и општина за сите луѓе“, порача градоначалникот на општина Кочани.

Можете да прочитате

Договорена брза енергетска соработка меѓу Македонија и Чешка

Не наседнувајте на лажни понуди од „Wolt“ – Компанијата предупредува на измами

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут