Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Огромна снежна бура беснее низ Калифорнија и Невада: Ветровите достигнаа брзина и до 305 километри на час

Gettyimages 2049653963.jpg

Огромна снежна бура за време на викендот зафати делови од американските сојузни држави Калифорнија и Невада.

Снежната бура ги затвори главните патишта и зимскит центри и остави десетици илјади луѓе без електрична енергија. Невремето е особено силно во планинскиот регион Сиера Невада, каде ветровите достигнаа брзина и до 305 километри на час, јавува Би-Би-Си.

Тамошните жители беа предупредени на „висок до екстремно висок ризик од лавини“.

Мапата за снабдување со електрична енергија покажува дека повеќе од 33.000 луѓе во Невада и речиси 24.000 во Калифорнија се без струја. Во саботата беа затворени 121 километар од автопатот 80.

На повисоките височини се очекува да падне и до три метри снег, велат американските метеоролози, предупредувајќи дека може да создаде „опасни по живот ситуации“ за луѓето во близина на езерото Тахо.

Националниот парк Јосемит исто така беше затворен во петокот, а посетителите беа замолени да заминат до пладне.

Метеоролозите ги повикаа луѓето да не патуваат, предупредувајќи дека ќе биде потребно долго време за да се спасат патниците од снегот доколку се заглават во невремето.

Екстремните временски услови ги зафатија и другите делови на САД, пишува Би-Би-Си, посочувајќи дека во исто време во Тексас беснеат шумски пожари.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата