Утрински Весник
Македонија

(Видео) Одложено е рочиштето за Рашковски затоа што судијката добила внука

(Видео) Одложено е рочиштето за Рашковски затоа што судијката добила внука

Судијката Ленка Давидкова добила внука, па судењето за Драги Рашковски експресно се одложи. Ова е прво рочиште по летните одмори за ексгенералниот секретар кој се гони за јавни набавки и делење хонорари од Генералниот секретаријат.

dobivaj vesti na viber

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска веднаш откако влезе во судницата, кажа дека нејзината колешка морала да замине. Дел од обвинетите се побунија зошто не биле известени на време, на што судијката Јанчулева-Михаиловска кажа дека не можела да знае дека ќе има ваква ситуација.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Освен ова, Обвинителството го гони и дека делел хонорари на хонорарци, на кои потоа им одзел дел и си ги зел за себе. Покрај него, обвинети се и професори на ФИНКИ, но и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ кои ги добивал наместените набавки, Даниел Станчев.

На низа рочишта беше презентирана комуникација помеѓу Рашковски и другите обвинети.

Можете да прочитате

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера