Утрински Весник
Балкан

(Видео) Од невреме во Хрватска гром запали куќа, автомобили заглавени во вода

Screenshot 2024 05 28 212727.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пожар избувна во семејната куќа во Борлин, предградие во Карловац по удар на гром по силното невреме. Со тешки телесни повреди се здобил и 52-годишен пожарникар кој е пренесен на лекување, јавува „ Нова ТВ“. Командирот на Јавната противпожарна служба во Карловац, откри детали за повредениот пожарникар. „За време на гаснењето имаше неколку експлозии, најголемата беше при нашето пристигнување, за време на гаснењето имаше неколку секундарни експлозии, не знаеме точно што ги предизвикало експлозиите, можеме да претпоставиме дека се работи за остатоци од мини-експлозивни направи од Татковинската војна“, рече тој. Додаде дека пожарникарот има сериозни повреди, пренесува „Индекс“. „Ќе биде опериран, сакаме да закрепне што е можно поскоро“, изјави тој за РТЛ. Соседите во предградието на Карловац, опишаа дека гром прво удрил во куќата, по што следеле поголеми и помали експлозии, од кои стотици. Плочки летаа и до 80 метри, а на улица можеше да се најдат и чаури. Силно невреме попладнево зафати делови од Хрватска. Најтешка беше ситуацијата во Карловац. Големо количество врнежи за кратко време предизвикаа поплави на бројни патишта во Карловац. Поплавени се подвозници и паркинзи, автомобили останаа заглавени во водата. Итните служби се на терен. Во повеќе делови од градот паѓаше град. Засега се уште нема информации за штети. Карловачките пожарникари примиле околу 20 повици за интервенции, потврди градоначалникот Дамир Мандиќ.

Можете да прочитате

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси