Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавено видео од апсењето на човекот што уби три лица во Нотингем

(Видео) Објавено видео од апсењето на човекот што уби три лица во Нотингем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На социјалните мрежи утрово се шири снимка од апсењето на маж, кој е осомничен за убиство на три лица и ранување уште три лица во Нотингем, Англија.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, се работи за 31-годишен маж, кој бил уапсен и задржан во полиција.

Британската полиција соопшти дека три лица биле пронајдени мртви во централниот англиски град Нотингем и дека еден маж е уапсен под сомнение за убиство откога комбе исто така се обидело да прегази уште три лица.

Полицијата објави дека две лица биле пронајдени мртви на пат во центарот на градот нешто по 4 часот наутро пред полицајците да бидат известени за друг инцидент веднаш надвор од градот кога комбе се обидело да прегази три лица. Тие се префрлени на лекување во болница.

Уште еден маж бил пронајден мртов на друг пат пред центарот на градот.

Можете да прочитате

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин