Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавени снимки од моментот на уривањето на авионот врз автопат во Малезија, меѓу загинатите и возачи

(Видео) Објавени снимки од моментот на уривањето на авионот врз автопат во Малезија, меѓу загинатите и возачи

За време на падот на малиот авион што денеска се урна во малезискиот регион Селангор, загинаа 10 лица – осум во авионот и двајца на автопат, соопшти началникот на полицијата Хусаин Омар Кан.

dobivaj vesti na viber

Објавени се снимки од моментот на падот на леталото.

Тој изјави дека во авионот имало шест патници и двајца членови на екипажот, додека меѓу загинатите имало и мотоциклист и возач на автомобил, кои го загубиле животот кога авионот удрил во автопатотот.

Министерот за транспорт Ентони Лок рече дека приватниот авион полетал од островот Лангкави и бил пуштен да слета на аеродромот Субанг.

„Неколку минути пред слетувањето, авионот излета од курсот и се урна на патот“, рече Лок.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk