Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена снимка од куќата во која се криел убиецот со роднините, најден огромен арсенал оружје

(Видео) Објавена снимка од куќата во која се криел убиецот со роднините, најден огромен арсенал оружје

Масовниот убиец Урош Блажиќ (21), откако во бесно дивеење со автоматска пушка уби осум лица и рани уште 14, побегна во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини.

dobivaj vesti na viber

Тоа е село оддалечено околу 50 километри од Младеновац, каде по случаен избор убивал луѓе. Убиецот живее во близина на Младеновац, во селото Дубона. Додека полицијата во тој реон го барала, тој се упатил на југоисток кон Крагуевац.

Успеал да и побегне на полицијата и се сокрил во куќата на роднина. Таму бил до утрово, додека не бил уапсен во таа куќа.

Полицијата пронашла огромен арсенал оружје во куќата во која вообичаено живеат вујкото и дедото на Урош Блажиќ. Тоа видео го објави и Министерството за внатрешни работи на Србија.

21-годишникот веќе бил уапсен за кражба, потоа за оружје, но и за шлаканица на полицаец.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години