Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека жителите на Марсеј ги чека уште една ноќ на конфликт.
Видеата што кружат на „Снепчет“ покажуваат дека продавачите на Rue Saint-Ferréol, една од главните трговски области во градот, ги покриваат своите излози со големи дрвени панели. Улицата е на само седум минути пешачење од трговскиот центар Бурс, каде што „Би-Би-Си“ претходно потврди дека имало судири меѓу демонстрантите и полицијата.
На едно видео, може да се види човек како користи дупчалка за да прицврсти голем дрвен панел на предната страна на неговата продавница, додека другите бизниси во областа, вклучително и продавницата на Д-р Мартенс, веќе беа обезбедени.
На друго место, видео покажува тешко вооружени полициски сили како шетаат по блиската улица. ,На второто видео се гледа како голема колона полициски возила влегува во градот.
Premières tensions à Marseille entre les forces de l’ordre et les émeutiers. #Marseille #Nahel #Emeute
pic.twitter.com/RJL7EZtJ2M— 24 News (@ne24ws) July 1, 2023
Би-би-си известува за првите судири меѓу полицијата и демонстрантите вечерва во Марсеј.
FRANCE – Marseille. It starts again.
Residents cowering in their homes as their livelihoods are destroyed by those who would bring it all crashing down.
They were welcomed and are now the aggressors.
— Bernie’s Tweets (@BernieSpofforth) July 1, 2023
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат групи полицајци во опрема за немири, некои носат штитови, се движат низ центарот на градот и во некои случаи трчаат.
Некои луѓе во градот тврдат дека полицијата употребила солзавец. „Би-Би-Си“ наведува дека барем на едно видео може да се забележат демонстранти како пукаат некој вид проектил кон полицајците.
Анализата на снимките сугерира дека тие се снимени во последните неколку часа, пишува Би-Би-Си.