Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нови авиолинии од Македонија: ќе се лета до четири држави, на пет дестинации

(Видео) Нови авиолинии од Македонија: ќе се лета до четири држави, на пет дестинации

Од Македонија ќе се лета на пет нови локациии. Два авио превозници, односно „Луфханза“ од Германија и „Визер“ од Унгарија воведуваат нови авио линии по поддршката која ја добива од Македонија. Линиите се до Германија, Луксенбург, Австрија и Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Обезбедивме нови дестинации за нашите граѓани. Луфханза ќе лета од Скопје до Франкфурт и тоа 10 пати неделно. Оваа линија се обраќа од 23 април годинава. Сметаме дека е од големо значење за државата но и граѓаните оти аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со меѓународни дестинации. ‘Визер’ ги достави следните дестинации Скопје – Штутгард, Скопје-Луксембург, Скопје-Салцбург, Скопје-Љубљана за која имаше огромен интерес од граѓаните и бизнис заедницата. Кон овие дестинации планирани се три летови во неделата. Планирано е воведување на овие линии од 1 ноември оваа година. Во однос на субвенциите, финансиската поддршка е за три години“, рече министерот Благој Бочварски

Вкупната поддршка за авиокомпаниите е 5 милиони евра за три години, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

„Германска авио компанија ‘Луфханза’ и унгарската ‘Визер’ се пријавија и се склучени договори. Финансиската поддршка е за три години, а изнесува 5 милиони евра за трите години. Тие ќе летаат неколкупати дневно. Преку Франкфурт, нашите граѓани ќе се поврзат со 200 локации“, кажа Ковачевски.

Во овој момент има 48 локации до каде може да се лета од Македонија. 41 се од скопскиот аеродром и 7 од аеродромот во Охрид.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон