Утрински Весник
Свет

ВИДЕО: Нова снимка ја покажува реакцијата на телохранителот при обидот за атентат на јапонскиот премиер

ВИДЕО: Нова снимка ја покажува реакцијата на телохранителот при обидот за атентат на јапонскиот премиер
Dik 300x250 mk

Снимка од вчерашниот обид за атентат врз јапонскиот премиер Фумио Кишида се појави денеска на социјалните мрежи, а на неа е забележан моментот кога напаѓачот фрла експлозивна направа кон политичарот. Се гледа како брзата реакција на обезбедувањето веројатно му го спасила животот на Кишида.

dobivaj vesti na viber

Еден од неговите телохранители прво ја запира бомбата со актовка, а потоа ја шутира во обид да ја оддалечи од премиерот. Тој потоа ја отвора актовката и ја користи како штит за Кишида, кого го пренесува на безбедно. Напаѓачот е веднаш уапсен.

Драматичните сцени се случија во градот Вакајама, каде Кишида одржа говор за поддршка на претстојните дополнителни избори за Претставничкиот дом во округот. Во Јапонија е во тек и кампањата за националните локални избори.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно