Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Kostadinaczevski 1.jpeg

Ден по вториот круг од локалните избори во СДСМ се случи уште една оставка.

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски се повлече од функцијата претеседател на општинската организација на СДСМ.

Тој во видео обраќање побара истото да го сторат и сите останати кои се на раководни функции во партијата.

„Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период“ порача Ацевски.

Ацевски покрај кандидат за градоначалник, претходно беше и пратеник во Собранието, а неколку години го водеше Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Можете да прочитате

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 отсто

МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи