Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Николоски: Максим, Ванковска, Таравари и Јакимовски се слуги на Ахмети опиени од сопствениот неуспех

Image.png

На неколку денови пред вториот круг на претседателските избори се погласни се прашањата за тоа дали и кои од кандидатите кои испаднаа ќе повикаат на гласање за некој од двајцата кандидати кои продолжија во вториот круг.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски јавно кажа дека нема да со договара ниту да се пазари со кандидатите кои испаднаа, ниту со нивните партии поддржувачи.

Но од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова очекуваат поддршка од оние кандидати кои беа понуда на опозициските партии.

Во јавноста се отвора дилеми дали можеби во ВМРО-ДПМНЕ има стравувања дали без поддршката од опозициските партии, нивната кандидатка ќе успее да го повтори резултатот од првиот круг.

Доказ за тоа се и последните ставови на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој дури обвини одредени помали опозициски партии дека слугуваат на ДУИ и Али Ахмети.

„Има неколку помали политички партии од македонскиот политички кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно и му прават услуга, но дури и со нивното слугување пак нема да успее на Али Ахмети тактиката и стратегијата“ вели Николоски.

Тој свој став Николоски го темели на фактот што ниту еден од четирите проопозициски кандидати, до сега не излезгле со јавна поддршка за Давкова во вториот круг.

„Ако видите во првиот круг имаше седум кандидати за претседател, во вториот нормално влегуваат двајца според Уставот, од останатите 5 кандидати еден беше про владин тоа е Бујар Османи и четири беа про опозициски, овие четири до денес ја немаат поддржано Гордана Силјановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција. Што значи дека или немаат елементарно чувство за државата или се заслепени од сопствениот неуспех и тоа што не можат да си го признаат неуспехот или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети односно за власта“ порача Николоски.

Инаку до сега, ниту еден кандидат нема дадено јавна поддршка кон некој од канидатите во вториот круг.

Османи и Таравари се уште не го кажале својот став, Димитириевски ги повика неговите гласачи да гласаат по сопствено убедување, а Јакимовски и Ванкова јавно кажаа дека нема да гласаат за Давкова.

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ