„Кога влогот е толку голем, нели има повеќе смисла да ја чуете приказната од нас?“, вели Меган, војвотката од Сасекс, во трејлерот за документарната серија на „Нетфликс“ за британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Првиот клип од документарната серија беше објавен на „Твитер“ во четвртокот, една недела пред планираното стримување.
Откако Хари и Меган се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во Калифорнија, тие упатија остри критики за британската монархија, вклучително и наводи за расизам, што доведе до несогласување со остатокот од семејството, особено со таткото на Хари, кралот Чарлс, и постариот брат, принцот Вилијам.
Последниот пат кога Хари и Меган се отворија за нивниот однос со другите членови на монархијата во интервју за Опра Винфри во март 2021 година, ја втурнаа институцијата во најголемата криза во последно време, а кралското семејство ќе се плаши од нови осудувачки откритија.
Периодот на објавувањето на видеото и на документарецот се чини дека е добар за „Нетфликс“, со тоа што Вилијам и неговата сопруга Кејт моментно се во Бостон, а Бакингемската палата се занимава со расистички спор, во кој е вмешана кумата на Вилијам.
„Хари и Меган. Глобален настан на ‘Нетфликс’“, објави стриминг-платформата на „Твитер“. Придружниот трејлер содржи досега невидени црно-бели фотографии од кралската двојка, а исто така и една од нив на официјален настан со Вилијам и Кејт, каде што сите четворица се со мрачно лице.
„Никој не гледа што се случува зад затворени врати“, се слуша како вели Хари во трејлерот. Подоцна тој вели: „Морав да направам сè што можам за да го заштитам моето семејство“.
Harry & Meghan. A Netflix Global Event. Coming soon, only on Netflix. pic.twitter.com/ysxaCcESP4
— Netflix (@netflix) December 1, 2022