Утрински Весник
Спорт

(Видео) Нестварен меч на Хилсборо – Шефилд надополни негативата од 4 гола, а потоа ја доби пенал серијата

(Видео) Нестварен меч на Хилсборо – Шефилд надополни негативата од 4 гола, а потоа ја доби пенал серијата

Фудбалерите на Шефилд Венсдеј во нестварен натпревар изборија пласман во финалето на плеј-офот во Лига 1.
Шефилд Венсдеј, првиот полуфинален натпревар на гостувањето кај Питерборо го загубија со 4:0, но во епски пресврт, најголем во историјата на англискиот фудбал, го доби реваншот по продолженијата со 5:1. Потоа во пенал-серијата изборија финале против подобриот од дуелот меѓу Барнсли и Болтон.

dobivaj vesti na viber

Никој не му даде шанси на Шефилд на овој натпревар, но преполниот Хилсборо веруваше и домаќините по 25 минути Венсдеј имаа предност 2:0. Третиот гол домаќините го постигнаа во 71.минута, а лудница на трибините настана во осмата минута од судиското надополнување на времето Палмер го постигна четвртиот гол.

Web

Во продолженијата авто гол си постигна Грегори во 105 минута, а седум минути подоцна Патерсон избори пенали. Пенал рулетот Шефилд Венсдеј го добија со 5:4, во втората серија Батлер не успеа да погоди.

Шефилд Венсдеј ќе има можност да се врати во Чемпионшип по две години играње во третата лига. Овој клуб четири пати беше шампион на Англија, а последен пат играше во Премиер лигата од 1992 до 1999 година.

Можете да прочитате

Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

Шефилд јунајтед следната сезона ќе ја започне со минус два бода