Утрински Весник
Свет

(Видео) Немири во Париз по денешниот вооружен инцидент

(Видео) Немири во Париз по денешниот вооружен инцидент

На улиците во Париз во моментов владее хаос, по конфликтот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во вооружен напад.

dobivaj vesti na viber

69-годишниот осомничен е ранет и уапсен. Парискиот обвинител рече дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор откако нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите истражуваат можни расистички мотиви за пукањето.

Судирите избија неколку часа по пукањето, додека членовите на курдската заедница извикуваа слогани против турската влада по што полицијата употреби солзавец за да ја растера се повознемирената толпа.

Запалени се голем број корпи за отпадоци низ градот.

Тензиите настанаа додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин разговараше со новинарите во близина.

Дарманин рече дека напаѓачот очигледно имал за цел странци, но дека полицијата во оваа фаза нема докази дека тој конкретно имал за цел да ги повреди Курдите.

Дарманин ќе одржи посебен состанок во вечерва за да ги оцени заканите против курдската заедница во Франција.

Шокираните членови на курдската заедница во Париз изјавија дека неодамна биле предупредени од полицијата за закани против курдски цели и побарале правда по пукањето, пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан