Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нелковски: Со проектот „Инвест Македонија“ државата стана дел од мапата на инвеститорите во светот

(Видео) Нелковски: Со проектот „Инвест Македонија“ државата стана дел од мапата на инвеститорите во светот

На денешната трибина која се одржа во Палата др. Христо Татарчев на тема „Катастрофална меѓународна промоција на Македонија“, свое обраќање имаше Филип Нелковски, поранешен шеф на канцеларијата на Инвест Македонија во Виена кој што истакна дека „Инвест Македонија“ бил проект кој што од денешен аспект е еден од најдобрите во последните 15-20 години во Македонија за привлекување инвеститори.

dobivaj vesti na viber

„Инвест Македонија беше проект гледајќи од денешен аспект е проект кој што е најдобар проект во Македонија во изминативе 15-20 години. Тоа се гледа по резултатите тоа се гледа по тоа колку извезуваме сега во одредени држави какви производи извезуваме, каква работна сила сме створиле, и најмногу од се по начинот на кој што компаниите реинвестираат овде. Значи тие имаат договори од по 10 години нив им истекле тие договори и тие одлучуваат да продолжат тука што значи дека нешто добро се направило“, нагласи Нелковски.

Нелковски истакна и дека главната цел на промоторите од проектот „Инвест Македонија“ била земјата стане дел од мапата на инвеститорите од светот што до тогаш не било така, за таа цел постоела државна стратегија.

„Ние бевме дел од тој систем како промотори но сите функциониравме заеднички. Имаше стратегија, систем од надвор изгледаше дека имаме привлечни услови за работа. Имавме таргет кој што требаше да ги оствариме, пред се на директен контакт со компании, посета на реномирани компании но најмногу од се работевме на подигање на свеста за Македонија. Почнавме од нула Македонија не беше на мапата на инвеститорите. Ние имавме задача да ја поставиме Македонија на мапата и имавме точно утврдени правила на игра како тоа треба да го направиме. Во 2007 кога почна проектот постоеше ентузијазам, над партиска агенда. Тоа е државен проект“, нагласи Нелковски.

Нелковски додаде и дека како промотори преку директниот контакт со компаниите направиле препознатлив бренд за инвестиции во Македонија.

„Ние имавме направено стратегија, некои земји се поподобни да бидат изложени на кампања за странски директни инвестиции. Такви се Турција, САД, Германија и високо технолошки развиени земји. Ние преку директниот контакт со компаниите направивме препознатлив бренд. Ние сме мала држава и мора да имаме таква агресивна кампања. Во светот постојат преку 150 инвест агенции кои што се многу поагресивни и понапредни од нас.Ние имавме за цел да донесеме компании кои што потенцијално ќе ја стават Македонија како дел од инвестициите. Дел од тие компании и навистина инвестираа во Македонија“, кажа Нелковски.

Можете да прочитате

Потпишан Mеморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза” 

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но не и на функционерите

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик на фирма од Желино