Откако вчера ги отстрани камерите на медиумите, новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, денеска се жали што бил критикуван за потегот кој носи нетранспарентност. Тој на почетокот од седницата, се покажи како критиките доаѓаат во време кога тој се уште не влегол во претседателскиот кабинет, па побара шанса за да се докаже. И натаму не е подготвен да ги пушти сите камери на медиумите да ги следат седниците. Решението го гледа во плаќање на државната медиумска агенција, за да ги пренесуваат седниците.
„Каде сме за критика ќе се критикуваме, каде имаме резултати мора да споделиме со јавноста. Јас сум само три дена претседател на Судски совет, се уште не сум влегол во кабинетот, тоа го знаат моите колеги. Не заслужувам таков пристап како човек, како судија, како претседател на Судски совет. Ќе имаме изјави, редовни брифинзи, транспарентност. Дајте шанса, ние пружаме рака да работиме заедно“, рече Герогиев.
Ги прочитал критиките, а ги добил и поплаките од Здружението на новинари на Македонија.
„Судскиот совет со мене како претседател ќе докаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот. Тоа ќе го покаже времето, почитувани медиуми. Во текот на вчерашниот ден, со реакција за транспарентноста се јави ЗНМ, дека неоправдано биле отстранети камерите и дека Советот се затвора за јавноста. Но мора да потенцирам дека јавноста беше присутна преку новинарите, невладините организации, но поради големиот број на присуство на камери, кои беа околу 10, стручните служби со потешкотии си ја вршеа работата“, се правда Георгиев.
Ветува транспарентност, откако беше искритикуван дека Советот се затвора за јавноста.
„Само ќе потенцирам дека овој состав на Судски совет, а јас како претседател на составот, Ви гарантирам дека ќе бидеме исклучително транспарентни, ќе бидеме со вас заедно, за да се бориме за вистината, за постигнатите резултати. Само сите заедно со исклучително транспарентна и отчена работа ќе постигнеме добри резултати“, додаде Георгиев.
Вчера, на иницијатива на Георгиев, новинарите останаа без снимки оти Георгиев реши да ги исклучи снимателите со оправдување дека им треба концентрација