Утрински Весник
Свет

(Видео) „Не сум видел уништување од овој размер“ – Пакистан бара помош

(Видео) „Не сум видел уништување од овој размер“ – Пакистан бара помош

Пакистанската влада повика на меѓународна помош за справување со вонредната состојба предизвикана од поплавите, во кои веќе загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Монсунот над Пакистан се заканува да остави една третина од земјата под вода.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто-Зардари рече дека поплавите предизвикани од екстремните монсунски врнежи и топењето на глечерите ќе ја влошат и онака лошата економска ситуација во Пакистан и дека е потребна финансиска помош.

„Не сум видел уништување од овој размер, многу ми е тешко да го опишам со зборови… Во иднина би очекувал не само Меѓународниот монетарен фонд, туку и меѓународната заедница и меѓународните агенции навистина да го разберат нивото на уништување“, рече пакистанскиот министер.

Дури и без поплавите, Пакистан се соочува со висока инфлација и намалена вредност на валутата и се надева дека вонредната состојба од поплавите ќе го убеди одборот на ММФ оваа недела да ослободи 1,2 милијарди долари како дел од седмата и осмата транша од пакетот помош за Пакистан.

Првата странска помош почна да пристигнува во Пакистан во понеделникот со летови од Турција и ОАЕ – почеток на меѓународната помош за олеснување на катастрофата што погоди околу 33 милиони луѓе и остави поплавени делови од земјата.

Најмалку 1.061 лице загинаа во поплавите, а бројот се очекува да се зголеми, а многу заедници во планинските северни региони се отсечени од бесните реки кои ги однесоа патиштата и мостовите.

Официјалните лица предупредуваат дека една третина од Пакистан би можела да биде под вода до повлекувањето на овогодинешниот „монструнски монсун“.

Шери Реман, пакистанска сенаторка и федерална министерка за климатски промени, рече дека земјата се соочува со „сериозна климатска катастрофа, една од најлошите во последната деценија“.

Поради затоплувањето, глечерите во планинскиот северен регион на Пакистан се топат побрзо, што дополнително ги зголеми врнежите и поплавите. Пакистан има 7.532 глечери, повеќе од каде било надвор од поларните региони.

Ова го прави Пакистан една од земјите најмногу изложени на временските екстреми поврзани со климатските промени, поради што има чести бранови на суши и поплави.

Невидена сезона на монсуните ги погоди сите четири провинции во земјата. Речиси 300.000 домови се уништени, бројни патишта станаа непроодни, а прекините на електричната енергија се широко распространети, погодувајќи повеќе од 33 милиони луѓе – секој седми Пакистанец.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина