Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) „Направивме историја!’ Двејн Џонсон им се заблагодари на фановите за големото отворање на „Црниот Адам“ на киноблагајните

(Видео) „Направивме историја!’ Двејн Џонсон им се заблагодари на фановите за големото отворање на „Црниот Адам“ на киноблагајните
Img 7972

Двејн Џонсон се огласи на Инстаграм во средата за да им се заблагодари на своите 343 милиони следачи што му овозможија најголемо отворање на благајните во целата негова кариера со „Црниот Адам“.

dobivaj vesti na viber

Новиот суперхерој на „Ди-си“ го освои викендот на киноблагајните имајќи предвид дека „Блек Адам“ стартуваше со 67 милиони долари дома и 140 милиони во светски рамки.

И покрај слабите критики, се очекува 50-годишната акциона мегаѕвезда да остане крал на киноблагајните бидејќи се предвидува неговиот филм оваа недела да заработи речиси 30 милиони долари, според „Дедлајн“.

„Направивме историја“, напиша Џонсон покрај видеото на својот инстаграм-профил.

Зборувајќи директно во камерата додека се снима себеси во својата вежбалница, акционата ѕвезда им се заблагодари на своите фанови што го гледаа филмот, кој беше негов „страстен проект“ во последните 15 години.

„Благодарам, благодарам, благодарам“, рече поранешниот професионален борач. „Во моментов испорачувам голем пакет на благодарност“.

Речиси 5000 години откако му беа подарени моќи од египетските богови, Црниот Адам е ослободен од затвор и е решен да му ја демонстрира на светот својата смисла за правда во модерниот свет.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време