Утрински Весник
Свет

(Видео) Направена првата Барби со Даунов синдром

(Видео) Направена првата Барби со Даунов синдром

Компанијата „Мател“ во продажба пушти „Барбика“ со Даунов синдром во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен.

dobivaj vesti na viber

Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети и ортопедска количка. Целта е „сите деца да се видат себеси во Барби“, како и „да си играат со кукли кои личат на нив“, велат од компанијата.

Оригиналната кукла „Барбика“ се појави на пазарот во 1959 година и стана своевиден симбол за „совршено“ женско тело.

Меѓутоа, академици од Универзитетот на Јужна Австралија, посочија дека веројатноста жената да има облик како телото на Барби е 1: 100.000. Затоа, критичарите повикаа „Барби“ да претставува пореална слика за телото на една жена.

Британската манекенка Ели Голдстајн (21), која има Даунов синдром и има соработувано со модното списание „Вог“ и модните брендови „Гучи“ и „Адидас“, го прослави доаѓањето на новата кукла, признавајќи дека била воодушевена кога ја видела новата играчка.

Во 2016 година, „Мател“ ги објави „Заоблената Барби“ (Curvy), „Високата“ и „Ниската слатка“ (Petite) кукла, како и широк спектар тонови на кожата што ги одразуваат разните и различни раси и етникуми.

Можете да прочитате

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија