Утрински Весник
Македонија

(Видео) На Лазаров и на Латас ќе им се суди кога обвинителот ќе го даде видеоматеријалот од емисијата на адвокатите

(Видео) На Лазаров и на Латас ќе им се суди кога обвинителот ќе го даде видеоматеријалот од емисијата на адвокатите

Не се одржа ниту денешното судење за јутјуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас, кои се обвинети за кривичното дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Набргу по отворањето на рочиштето, судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи оти обвинителот не го доставил видеоматеријалот предложен како доказ до адвокатите на обвинетите. Закажано е ново рочиште, до кое обвинителот ќе треба да го достави доказниот материјал.

dobivaj vesti na viber

Јутјуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто преку кое, според Обвинителството, се промовирало насилство кон жени. Ова е второ одложено рочиште.

На наредното рочиште, кога обвинетите ќе го чујат обвинението, ќе може да се произнесат дали се чувствуваат виновни или не за делото за кое се гонат. Интервјуто наиде и на осуди од невладиниот сектор, кој се грижи за човековите права.

Обвинението беше поднесено на крајот на февруари. Латас и Лазаров се гонат за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја што промовира насилство кон жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на јутјуб-канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување“, соопшти Обвинителството.

Можете да прочитате

Македонци останаа на аеродром во Истанбул за Скопје – без лет, без храна, без сместување

Македонски државјанин се удави во Албанија

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница