Утрински Весник
Македонија

(Видео-најава) Осуденици спијат во ходници, многу мал број се ресоцијализираат, открива директорот на „Идризово“ кој зборува и кој ги пали автомобилите на вработените

(Видео-најава) Осуденици спијат во ходници, многу мал број се ресоцијализираат, открива директорот на „Идризово“ кој зборува и кој ги пали автомобилите на вработените
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Затворот „Идризово“ наместо да е место за ресоцијализација, сега е извор на корупција. Што се крие зад железните порти од казнено-поправната установа, со што се соочуваат затворениците, кои им ги пали автомобилите на вработените, зошто се сее страв – во интервју за „Макфакс“ одговора директорот Зоран Јовановски кој е генерал мајор.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

„Јас не сум задоволен со условите во затворот, а не затворениците“, посочува тој.

Тој ја коментира тезата дека затворот е огледало на државата, па оттука, прашањето и каква ни е државата.

„За жал во многу мал број од затворениците се ресоцијализираат“, посочува директорот во интервјуто за „Макфакс“.

Го отворивме и прашањето какви закани испраќаат затворениците од „Идризово“, што се случувало при претресите, кои сее страв.

„Исказите на вработените кај мене што им се запалени возилата, го потврдуваат тоа, дека им се заканувале и дека резултатот од закани е палењето на возилата“, додава тој.

Вработените се жалат дека повеќе од деценија немаат ниту униформи.

„Жално е, јас тоа го кажувам“, одговори Јовановски запрашан дали е срамота да има ваков проблем во 2023 година.

Во затворот „Идризово“ кој е пренатрупан, се спие и по ходници.

„Јас кога дојдов имаме голем број на осудени лица кои спијат во ходници“, посочува тој во интервјуто за „Макфакс“.

Зошто системот го кочи затворот „Идризово“ да профункционира како казнено-поправна установа – Јовановски одговара во интервјуто кое во целост ќе се емитува утре во 18 часот на „Макфакс“.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата