Утрински Весник
Македонија

(Видео) Му се суди на Жан Митрев, тој во судница опкружен со четворица адвокати

(Видео) Му се суди на Жан Митрев, тој во судница опкружен со четворица адвокати
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Опкружен со четворица адвокати во тоги, докторот Жан Митрев седна на обвинителна клупа. Ова е четврти обид да започне судењето против него, откако претходно судењата се одложуваа поради недоставени докази. Пред судот има поддршка, но овој пат, нема аплаузи. Покрај денешното рочиште судот закажа термини и за во четврток и петок.

dobivaj vesti na viber

Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид-19 со хемофилтрации.

Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас откога Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите од болницата, а Скопското јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче