Утрински Весник
Магазин

(Видео) Му го украде шоуто на Чарлс: Снимка од принцот Луис насмеа милиони луѓе

(Видео) Му го украде шоуто на Чарлс: Снимка од принцот Луис насмеа  милиони луѓе

Принцот Луис, најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, привлече најголемо внимание на церемонијата на векот – крунисувањето на кралот Чарлс III.

dobivaj vesti na viber

Имено, фоторепортерите снимија како Луис неколку минути пред да го напушти кралското возило и со родителите, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, се упатува кон опатијата во која се одржува церемонијата на крунисувањето, срамежливо им мафта на граѓаните кои се собраа да го поздрават неговиот дедо.Чарл III.

Видеото од малиот Луис како мавта кон толпата привлече големо внимание и е погледнато милиони пати на социјалните мрежи.

Да потсетиме, денеска во Лондон се одржува церемонијата на крунисување на кралот Чарлс. Илјадници достоинственици од различни делови на светот пристигнаа во Велика Британија на раскошна церемонија со која официјално ќе се означи почетокот на владеењето на кралот Чарлс III. На крунисувањето присуствува и неговиот помлад син принцот Хари, кој пристигна без сопругата Меган Маркл.

Можете да прочитате

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања

Пет мали навики можат да ви помогнат да бидете посреќни секој ден