Утрински Весник
Магазин

(Видео) Морган Фриман не бил познат до својата 50-та година

(Видео) Морган Фриман не бил познат до својата 50-та година

Некои холивудски актери ја имаа привилегијата да стекнат слава на млада возраст, на самиот почеток на својата кариера.

dobivaj vesti na viber

Сепак, тоа не е случај со холивудската легенда Морган Фриман, чија популарност ескалираше дури кога наполни 50 години.

Оскаровецот на 1 јуни го прослави својот 86. роденден, а напиша историја како актер кој петпати бил номиниран за „Оскар“ и е прогласен за еден од најдобрите актери на својата генерација.

Ѕвездата на култниот филм Shawshank Redemption („Бегство од Шошенк“) се прослави со бројни блокбастери, како „Седум“, „Инвиктус“, „Семоќниот Брус“ и други, но славата ја стекна дури на 50-годишна возраст со првата голема филмска улога.

Улогата со која ги воодушеви филмските критичари:

Морган својата прилика ја дочека во крими трилерот „Стрит смарт“ од 1987. Филмот го следи новинарот Џонатан Фишер (Кристофер Рив), кој се бори да го задржи работното место во списание и измислува приказна за макро кој има неверојатна сличност со реалниот макро Фаст Блек (Фримен), кој од новинарот бара да ги открие своите извори.

Иако филмот не помина добро на киноблагајните, на Фримен му ја обезбеди првата номинација за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

Тој ги воодушеви критичарите со својата изведба, а својот култен статус го потврди со улоги како наредник Џон Ролинс во „Слава“ (1989) и Хок Колбурн во „Возејќи ја госпоѓица Дејзи“ (1989).

Фриман доби „Оскар“ во категоријата Најдобра машка споредна улога за филмот „Девојка од милион долари“ (2005).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста