Утрински Весник
Македонија

(Видео) Моментот кога обезбедувањето на Мицкоски спречува полициска акција и напаѓа полицајци во угостителски објект

Tepanje 3 1536x864 1.jpg

Порталот 360 степени, објави снимки каде се гледа како Ивица Б. полицаец и до неодамна обезбедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напаѓа полициски службеник од единицата за недозволена трговија.

На снимката се гледа како Ивица Б., член на обезбедувањето на Мицкоски, и Влатко Г., полицаец од ЕНТ, кој е на служба таа вечер, првично разговараат во внатрешноста на објектот, па како Ивица го истуркува Влатко надвор, каде што во еден момент и го удира со тупаница, а потоа и му се заканува мавтајќи со прст кон него.

Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли.

Против Ивица Б. поднесена е кривична пријава, а како што информираше Јавното обвинителство, по неа веќе се постапува.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“