Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митревски: Јасно е македонскиот и бугарскиот народ се два различни народи

(Видео) Митревски: Јасно е македонскиот и бугарскиот народ се два различни народи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски истакна дека никој нема забелешки на предложениот текст на уставните измени.

dobivaj vesti na viber

– Со усвојување на уставните измени го продолжуваме европскиот пат со полноправно членство 2030 година. Ова е историска шанса. Како пратеници сме и претставници на граѓаните, а тие сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Граѓаните можат да видат дека нема простор за загриженост. Уставните измени не загрозуваат ништо, ниту едно идентитетско прашање, а го отвораат патот кон ЕУ, рече Митревски.

„Времето потврди дека манипулациите се лажни. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Македонија. Со внесувањето на делот од бугарскиот народ што живее во нашата земја, јасно се разграничува дека се работи за 3.600 наши сограѓани со таква свест за разлика од повеќе од милион со македонска свест, со своја култура и меѓународно признат јазик. Јасно станува дека македонскиот и бугарскиот народ се два различни народи“, додаде координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година