Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: СДС и ДУИ ќе продолжат да ги уништуваат образованието и економијата, изборите се единствено решение

(Видео) Митева: СДС и ДУИ ќе продолжат да ги уништуваат образованието и економијата, изборите се единствено решение

„Легитимитетот, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, правдата, стопанството, е целосно нарушен. Тие не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„И тоа се проблеми, кои директно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните. Имено, трета учебна година по ред се соочуваме со недостиг на книги. Првата година не знаеле, втората погрешиле, но веќе трета година по ред станува пракса. На 13 дена пред почеток на учебната година МОН соопшти дека учебници ќе нема. Повторно со истата реторика дека учебниците што ќе биле изготвени ќе биле достапни во дигитална форма, а знаеме дека т.н. реформа на дигитализација само лани заврши со печатена скрипта од 100 страници за сите предмети. И сосема е јасно од денешна перспектива зошто бараа учебната година да почне на 11 септември – затоа што се неподготвени, затоа што не умеат или веќе пологично е дека не сакаат да ги менаџираат процесите за кои се именувани и зимаат плата од народот“, изјави Митева.

„Понатаму, девастираната економија во Македонија секојдневно придонесува да имаме по еден нов полн автобус, кој ја напушта државата. Инфлацијата е енормно висока, растот на цените се случува од ден на ден и на основните производи, нема нови инвестиции, а секојдневно се затвораат фирми и се губат работни места. Веќе од септември ќе има нов ценовен шок, на речиси 1.000 прехранбени производи ќе им се зголеми ДВД-то, а со тоа производите ќе добијат и нови повисоки цени поради тоа што Владата преку измени на законот ги стави во категоријата – луксузни производи. Според информациите, добар дел од тие производи граѓаните редовно ги купувале и јаделе.

Ваквите политики со СДС и ДУИ на власт ќе продолжат и ќе стануваат сè полоши. Затоа потребни се избори што се единственото решение за спас на Македонија. По вакви порази, целосно неважно е што мисли делегитимираниот СДС, единствено решение се брзи избори“, додаде портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ