Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Митева: Работната група за уставни измени составена од кадри на ДУИ и резервната СДС

(Видео) Митева: Работната група за уставни измени составена од кадри на ДУИ и резервната СДС
300x250 opst2

Од она што можеше да се чуе како предлог на владата за експерти кои ќе бидат членови во работната група наменета за уставни измени доминира цврстиот впечаток дека овие лица најверојатно се експерти за се, освен за Устав и уставно право, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

„Во самиот состав може да се забележи една константа на кадри кои гравитираат околу владејачката ДУИ од една страна, и резервната СДС од друга страна. Откако голем број на професори одбија да бидат дел од ова затоа што јасно кажаа дека не се согласуваат да бидат дел од група за која пред се нема конзензус и со самото тоа нема цел, имаме ваков разнолик состав.

Имено, од Универзитетот „Кирил и Методиј“ професорката Ана Чупеска е професор по политички науки, а не правник. На листата е и професор по меѓународно право, Елена Михајлова. Буквално, нема ниту еден професор од катедрата по уставно право на УКИМ кој во моментов има 7 професори.

Беса Арифи, е професор по кривично право, и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово и висок функционер на ДУИ, Теута Арифи, потоа професор Јагода Митревска, политиколог, која ги следела претежно изборите и партиските процеси, а во едно интервју нагласува дека имала директно искуство од набљудување на изборните кампањи во Руската Федерација, воедно политички активна била во Обединети за Македонија. Професор Марија Пандевска од Институтот за национална историја“ рече Митева.

Колку власта немала избор, според Митева, покажува и враќањето од пензија на родители на партиски функционери и активисти, како што е примерот со Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначлник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски од редовите на СДС.

„На листата експерти по мерка на СДС е и Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд, кој ги зголеми платите на судии и тогаш изјави дека ваков чекор е потребен под изговор дека судиите се гладни. И во овој состав на работната група уште еднаш се потврдува и се покажува дека СДС и ДУИ немаат поддршка за политиките кои ги спроведуваат. Ниту експертите, професорите и стручната јавност не сакаат да си го оцрнуваат кредибилитетот кој го имаат во општеството со учество во процеси за кои нема национален консензус“ заклучи Митева.

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“