Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Новиот тендер од 3 милиони евра од Пановска на Пановски е уште еден доказ за недовербата во здравствениот систем

(Видео) Митева: Новиот тендер од 3 милиони евра од Пановска на Пановски е уште еден доказ за недовербата во здравствениот систем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата Д-р. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, инаку директор на Клиниката за хематологија од истата таа клиника се пракса која раѓа недоверба во целокупниот здравствен систем. Новиот тендер од 3 милиони евра е уште еден доказ за тоа“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Јавноста чека одговори за тоа како и зошто во Македонија има само еден овластен добавувач на потребните лекови, дали тоа не е монополизација на процесот? Дали доделување на тендери од еден член на фамилијата кој раководи со институцијата на друг член од фамилијата кој е понудувач не се отвара можност за злоупотреба или попречување на процесот на еднаквост? Дали една дадена изјава за изземање од процедурите е доволен показател дека не станува збор за судир на интереси?

ЈЗУ УК за хематологија наместо да поставува прашања до политичка партија, би било добро да и одговори на јавноста колку тендери добила веледрогеријата Д-р. Пановски само изминативе години додека неговата ќерка раководи со клиниката, колку тендери се добиени од Министерството за здравство во истиот тој период и уште поважно колку е вредноста на тие тендери“, прашува Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните