Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам, спремни сме да му помогнеме

(Видео) Митева: Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам, спремни сме да му помогнеме

„Нивото на шовинизам кон жените во политиката почнува да станува токсично со СДС. Но нивната екстремна вулгарност веќе никого не изненадува. Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам спремни сме да му помогнеме – во оригиналната смисла на зборот, шовинизмот е екстремен патриотизам и национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава. Особено кога таа пристрасност вклучува злоба и омраза кон соперничките групи“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи дека „тесно поврзано со шовинизимот е и мизогинијата за која сме сигурни дека Ковачевски никогаш не слушнал за оваа предрасуда. Ковачевски и СДС редно е да научат дека мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи ја и половата дискриминација, оцрнувањето на жените, насилството врз жените и сексуалната објектификација на жените. И ова се најточните дефиниции кои го опишуваат однесувањето на Ковачевски кон пратеничка во Собранието“.

„Неговите зборови се директни навреди кои што не доликуваат никому, а најмалку на премиер. Ковачевски уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува. Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии и меѓународните организации најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Делувајќи во рамките на нашата заедничка улога, веруваме дека насилството врз жените повеќе не може да се смета за приватна работа, напротив, сите имаме обврска преку сеопфатни и интегрирани политики, да го спречиме насилство во секоја форма! Најмалку што може да стори Ковачевски е да се извини јавно!“ рече Митева.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот