Утрински Весник
Македонија

Алити и Алиу имаа свечено примопредавање на должноста министер во МИОА

Алити и Алиу имаа свечено примопредавање на должноста министер во МИОА

Денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се одржа свечено примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот.

Новиот министер, Азир Алиу истакна:

„Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како што се дигитализација, сајбер безбедност и развој на информациски и комуникациски технологии, кои заедно со новите проекти што ги подготвуваме со мојот тим, очекуваме значајно да влијаат на подобрување и позитивна трансформација на целокупниот ИКТ еко-систем во Република Северна Македонија. Силно верувам дека со многу работа, упорност и одговорност, можеме да постигнеме резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани”

Новиот министер, Азир Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор, реализирајќи над 100 различни проекти во области како дигитална трансформација, развој на стартап екосистеми, вештачка интелигенција и машинско учење.

На должноста министер доаѓа од позиција на универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на факултетот за Компјутерски науки и технологија.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога