Утрински Весник
Економија

(Видео) Митева: АД ЕСМ продава струја пониска од берзанската, заработката на трговецот е 60% и тоа во услови на криза

(Видео) Митева: АД ЕСМ продава струја пониска од берзанската, заработката на трговецот е 60% и тоа во услови на криза

Додека граѓаните плаќаат и до 50% поскапа струја, а фирмите имаат сметки и до 4 пати повисоки во однос на лани, АД ЕЛЕМ продава струја по двојно пониска цена од берзанската на трговци, кои потоа ја продаваат по берзанска цена и прават огромни профити на сметка на народот. Имено во периодот од 30 август до 6 септември АД ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја во вкупна количина од 2000 MW/h. Во истиот период Албанската државна енергетска компанија КЕШ исто така распишува оглас за набавка на струја за период од 29 август до 4 септември по сличен профил како тој на АД ЕЛЕМ од 2100 MW/h, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека фирмата која што се јавува како купувач на струјата од АД ЕЛЕМ е ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија, на Артур Мицкај, човек од партијата на Еди Рама. Имено оваа фирма ја купува струјата по цена од 337 евра по MW/h од АД ЕЛЕМ, а ја продава по цена од 525,55 евра за MW/h на албанската државна енергетска компанија КЕШ. Разликата во цена, односно заработката што ја прави оваа фирма само од оваа зделка од 6 дена изнесува 10.800.000 денари. Струјата од 337 евра по мегават час можела да биде продадена на домашното стопанство, кое сега плаќа и повеќе од 2 пати повисока цена, или да биде продадена поскапо, а не двојно пониско од берза.

Манипулативни се изјавите на челниците од власта, кои тврдат дека струјата во ноќните часови е двојно поевтина од таа во часовите во текот на денот. Ако е така зошто албанската КЕШ ја купила истата струја од трговци по цена од 525,55 евра за мегават час? Заработката која трговецот ја ставил е 60%, и тоа во услови на криза.

Доколку дуото Ковачевски не ја водеше енергетиката и не ја водеше државата овие пари ќе завршеа кај граѓаните или во АД ЕЛЕМ, но сега завршуваат на сметките на приватни трговци,додаде Митева.

Можете да прочитате

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател