Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мирно, но со барикади и со полициска опсада – се слави Гоце Делчев во „Св. Спас“

(Видео) Мирно, но со барикади и со полициска опсада – се слави Гоце Делчев во „Св. Спас“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барикади, легитимирање, дозвола, па пристап. Вака изгледа годинешното одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев. Пристап до гробот во црквата „Свети Спас“ во Скопје имаа делегациите што беа најавени, новинарите што беа акредитирани и граѓаните што можеа да поминат еден по еден – по претходен редослед од полицијата. Годинава, настанот беше третиран со голем ризик поради можни ескалации.

dobivaj vesti na viber

Речиси 30 полицајци беа распоредени на првите барикади. Педесетина метри подолу имаше нови барикади, со други полицајци. Имаше и службеници во цивилна облека. Слично како овој пат се славеше годишнината од раѓањето на Делчев.

Службениците беа распоредени уште во текот на вчерашната вечер за да спречат евентуални инциденти при славењето.

Можете да прочитате

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста

Бадникова ноќ: Тивка и посна вечер во пресрет на Божиќ