Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мирис на изгорени кабли во Владата го пресели пресот на Ковачевски и Бесими во друга просторија

(Видео) Мирис на изгорени кабли во Владата го пресели пресот на Ковачевски и Бесими во друга просторија

Во салата на Владата каде се одржуваат прес-конференциите мирисало на изгорени кабли.

dobivaj vesti na viber

Поради ова, доцнеше пресот на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тие беа префрлени во друга просторија, каде вообичаено се одржуваат владините седници.

Службите на Владата треба да утврдат каде и поради што настанала миризбата во салата за прес-конференции. Од таму се земени и пултовите за говорење и префрлени во свечената сала.

Со оглед дека нема екрани, презентацијата која е подготвена за прес-конференцијата се емитува директно во етер, без прикажување во салата.

Можете да прочитате

Од први јули забрана за движење во шуми, казни до 2000 евра

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност