Утрински Весник
Спорт

(Видео) Миовски постигна мајсторски гол против лидерот Селтик

Miovski gestikulacija.jpg

Абердин ремизираше против Селтик (1:1) во 24. коло од шкотското фудбалско првенство. Натпреварот го одбележа македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој постигна прекрасен гол за водство на Абердин. Во 50. минута Миовски го совлада искусниот чувар на мрежата Џо Харт. Сепак, Абердин на крајот не ја сочува предноста, бидејќи лидерот во шкотското првенство Селтик од многубројните создадени шанси во текот на мечот искористи една во 64 минута преку Кун за да избегне пораз.

Абедин остана на осмата позиција со 25 бодови, додека Селтик со 58 бода остана на врвот.

Можете да прочитате

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

Иранската државна телевизија ги прогласи фудбалерките за предавници