Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски: Советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавни обвинители

(Видео) Милошоски: Советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавни обвинители

Власта ја предлага Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители, но проблемот е што таа не исполнува ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник, вели пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО (2016-2018г.) воопшто не ја прави истакнат правник. Доколку вакви кандидати станат членови на Советот за јавни обвинители дополнително ќе паѓа репутацијата на оваа институција и истата ќе нема авторитет за да ја остварува надлежноста врз обвинителствата во Македонија. Ќе гледаме само невкусни репризни бламажи како во Судскиот совет“ изјави Милошоски.

Можете да прочитате

400.000 евра за станови, 350.000 во ѕид: Прислушувани разговори откриваат како се договарале средби со судијата Ѓоко Ристов

Возрасна жена во Куманово удрена од автомобил, возачот побегнал од местото

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе