Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски до Ковачевски: Кои се лицата кои се разгледувале на Советот за Национална безбедност за прогласување на персона нон грата

(Видео) Милошоски до Ковачевски: Кои се лицата кои се разгледувале на Советот за Национална безбедност за прогласување на персона нон грата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кои се лицата кои што беа разгледувани на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата, бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци, го праша Ковачевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека во ескалацијата на односите со Бугарија, за жал оштетена е Република Македонија, чувствата на граѓаните но и европската перспектива на државата.

Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија, за кој што како што рече Милошоски е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став по однос на овие случувања.

„ Повлекување на амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така повлекување на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата-домаќин, бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија, изјави Милошоски.

Пратеникот Милошоски го праша министерот за правда Тупанчевски за кој член на владата или претставник мислел кога изјавил дека избрзал со давање на изјавата за инцидентот во Охрид.

И третото прашање е до министерот за правда Тупанчевски. Вчера на една дебатна емисија поврзано со инцидентот во Скопје, вашата изјава беше дека сметате дека некои претставници на власта избрзале по давање на изјави дека се работи за завршен случај. Она што можеше да се извлече како заклучок е дека овој ваш коментар се однесува на изјавите на вашиот колега министерот за надворешни работи. Но, јас би сакал за да не одиме на заклучоци на дадената изјава, да ве прашам конкретно на кои претставници на власта и дали се работи за членови на владата, дали мислевте на министерот Бујар Османи или некој друг дека избрале при давањето на изјави за случајот во Охрид, за кој вие сметате дека се уште не е завршен, го праша Милошоски, Тупанчевски.

Можете да прочитате

Семејствата настрадани во Пулс ja бараат вистина – Дали смртта е предизвикана од цијанид?

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!