Утрински Весник
Спорт

(Видео) Милик доволен за победа на Јуве

(Видео) Милик доволен за победа на Јуве

Јувентус се „рехабилитираше“ по шокантниот 4:2 пораз од Сасуоло, за во првиот меч од шестото коло во Серија А да осигура минимална 1:0 победа над Лече.

dobivaj vesti na viber

Клучниот момент на мечот беше во 57. минута, кога по една мешаница пред голот на гостите, Адриен Рабио му асистираше на Аркадијуш Милик, кој ги осигура трите поени за тимот на Масимилијано Алегри.

Јуве сега се втори на табелата со 13 поени, два помалку од лидерот Интер, кој, секако има меч помалку, додека за Лече ова е прв пораз во одличниот старт на сезоната и се на четвртото место со 11 поени.

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024