Утрински Весник
Економија

(Видео) Мицкоски: Стопанството се соочува со проблеми и не е во фокусот на политиките на Владата

(Видео) Мицкоски: Стопанството се соочува со проблеми и не е во фокусот на политиките на Владата

„Ова што денеска тука можевме да го слушнеме навистина голема загриженост за иднината на стопанството, а со самото тоа и за иднината на македонската економија. Бидејќи вие не можете да правите планови како држава и влада во приходите на буџетот, ако економијата е таа која не може да ги генерира тие приходи, односно да го полни буџетот. Затоа е многу важно фокусот да биде кон економијата, кон стопанството бидејќи тоа исто стопанство вработува луѓе, повеќе од 680.000 се вработени во приватниот сектор, тие генерираат приходи и дел тие приходи завршуваат во државниот буџет, а потоа и се трошат“. Ова денеска го изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по работниот состанок со претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски порача „ние повикуваме континуирано на обединување, цениме дека општеството за жал ни е поделено политички, социјално, општествено, за еден голем договор, за којшто зборуваше и претседателот Азески потребно ни е обединување. Да видиме дали како држава сме подготвени на тоа“.

„Јас како претседател на оваа партија подготвен сум да седнам да ги бранам позициите исто како што денеска го правев тука пред стопанствениците, да направиме еден голем договор којшто е многу значаен за иднината на Македонија. Во спротивно жалам што тоа можам да го констатирам, но предизвиците се големи, а проблемите ќе бидат уште поголеми“, рече тој.

Можете да прочитате

Трипуновски: Целта е да се набави домашна храна во стоковни резерви за потребите на државата

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Сè ќе биде согласно закон и транспарентно

Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на македонските компании е загрижувачки ниска, време е за решителни и суштински реформи