По сите шпекулации дека завршил со Пари Сен-Жермен и по двонеделната суспензија која ја доби за неовластеното патување во Саудиска Арабија, Лионел Меси неочекувано се извини на навивачите на францускиот клуб.
Меси нема да игра на мечевите со Троа и Ајачио, откако беше казнет од клубот по пропуштањето на понеделничкиот тренинг поради посетата на Саудиска Арабија во улога на туристички амбасадор на земјата.
„Сакав да го направам ова видео по сите работи кои се случија. Прво, сакам да се извинам на соиграчите и на клубот. Искрено мислев дека ќе имаме слободен ден као и претходно. Го организирав патувањето во Сауиска Арабија, кое претходно го имав откажано. Уште еднаш се извинувам за тоа што го направив. Тука сум за тоа што сака да го направи клубот“, изјави Меси.
Leo Messi statement 🚨🇦🇷 #Messi
“I thought we were going to have a day off after the game as always. I had this trip organized and I couldn’t cancel it. I had already canceled it before…”.
“I apologize to my teammates and I’m waiting for what the club wants to do with me”. pic.twitter.com/GBuarEgwSl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 5, 2023