Утрински Весник
Македонија

(Видео) Медицинската сестра која беше фатена при кражба, од 28 февруари не е стапната на Клиника, вели директорката на Онкологија

(Видео) Медицинската сестра која беше фатена при кражба, од 28 февруари не е стапната на Клиника, вели директорката на Онкологија

Директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисаровска вели дека како организациски тим тие се целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците во однос на случајот со Онкологија. Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат.

dobivaj vesti na viber

„За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните. Стручниот колегиум на клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот“ порача Клисаровска.

„Од дното на душата сакам да се открие, вината да добие име и презиме и пациентите да ја вратат довербата“, рече таа.

Таа тврди дека откако е на функција, период од ноември 2022 година дека секој пациент ја добивал препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го поставел и без никаква манипулација со лековите.

-Имавме информации и сомнежи за манипулации со лекови. Кога јас станав диркетока на клиниката на онкологија и радиотерапија подигната е безбедноста на патеката на лековите, од влез на клиниката до пациентот. Медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари беше фатена при повторна кражба на лекови, доби отказно решение на 23 мај, а од 28 февруари не е стапната на Клиниката, рече Клисаровска.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес