Утрински Весник
Свет

(Видео) Маж со комбе газел луѓе во Британија: тројца мртви и неколку повредени

(Видео) Маж со комбе газел луѓе во Британија: тројца мртви и неколку повредени

Маж со комбе прегазил луѓе во центарот на британскиот град Нотингем, пренесуваат медиумите. Во инцидентот има најмалку тројца мртви и неколку повредени.

dobivaj vesti na viber

Полицијата откри дека нешто по четири часот утрото добила пријава за загинати луѓе на улица. По пристигнувањето, пронашле две мртви лица. Потоа добиле дојава дека комбе удрило во други три лица во блиската улица, кои се повредени. Потоа добиле пријава за уште еден починат, исто така на улица.

Началничката на тамошната полиција, Кејт Мејнел, изјави дека се работи за страшен инцидент, во кој се одземени три животи.

„Сметаме дека сите три инциденти се поврзани и дека лицето што тоа го сторило е во притвор. Оваа истрага е во рана фаза и тим детективи работи на утврдување што точно се случило. Ги молиме граѓаните за трпение додека траат истрагите. Засега многу патишта во градот се затворени и ќе останат затворени додека трае истрагата“, рече таа.

Уапсен е 31-годишен маж. Како што наведуваат британските медиуми, во оваа фаза нема индиции дека се работи за тероризам, но дека трите инциденти, најверојатно, се поврзани.

Можете да прочитате

Дел од настаните што ја одбележаа 2024-та

Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции

Бајден и Трамп испратија многу различни божиќни пораки до Американците