Утрински Весник
Економија

Стојаноски: Животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена

Стојаноски: Животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена, а Владата одбива да се откаже од зголемените даночни приливи.

dobivaj vesti na viber

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во насока на намалување на трошоците на живот предлага измени во Законот за ДДВ, кои ќе ги поднесе денес, информира тој.

„Предложените измени предвидуваат:

1. Ослободување од ДДВ на производите за човечка исхрана. Со оваа мерка цените на прехранбените производи веднаш ќе се намалат минимум 5 %. Сметаме дека ова решение е неопходно по завршувањето на мерките со кои беа ограничени цените на прехранбените производи. Со нашето предлог-решение оставаме можност Владата сама да определи кои производи ќе бидат ослободени од ДДВ;

2. Враќање на стапката на ДДВ за струјата на 5 % наместо најавените 18 %. Доколку не се ефектуира нашиот предлог, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат поголеми сметки за струја најмалку 8 %. Во моментот стапката на ДДВ е 10 %, а од 1 јули таа ќе се зголеми на 18 %, а ние со ова предлог-законско решение предлагаме таа да се намали и веднаш да биде 5 %“, нагласи пратеникот.

Инфлацијата, како што појасни, за мај 2023 година повторно е двоцифрена и изнесува 11,3 %, а кај храната е уште повисока и изнесува 14,6 %. Но, важно е да потсетиме дека лани во мај инфлацијата исто така беше двоцифрена и изнесуваше 11,9 %, а кај храната огромни 17,9 %.

„Ова е драстичен пораст на цените за 2 години и токму затоа сè поголем број граѓани се сиромашни, а семејниот буџет сè попразен. Ги охрабруваме пратениците на СДСМ и ДУИ да не ги слушаат своите раководства и што побргу, уште на утрешната седница, да ги донесеме овие предлог-измени во интерес на граѓаните“, вели Стојаноски.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата ја задолжува државата без план каде ќе завршат парите

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство