Утрински Весник
Свет

(Видео) Maж од САД ја испразнил банкарската сметка, а потоа фрлал пари додека возел на автопат

(Видео) Maж од САД ја испразнил банкарската сметка, а потоа фрлал пари додека возел на автопат

Маж од САД  ја испразнил банкарската сметка на своето семејство, а потоа фрлал пари од автомобилот додека возел по автопат.

dobivaj vesti na viber

Државната полиција на Орегон одговорила на пријавата за возач кој фрлал банкноти од 100 долари од возило и веднаш го стигнала автомобилот управуван од Колин Мекарти (38).

Американските медиуми објавија дека речиси 200.000 долари биле фрлени од возилото на Мекарти додека неколку возачи се повлекле на страната на автопатот за да зграпчат дел од фрлените пари. И во ноќните часови луѓето барале заостанати банкноти.

Според „КМТР“, Мекарти на полицијата и рекол дека е добро.

„Сакам да ги благословувам другите со пари“, им рекол на полициските службеници.

Полицијата го предупредила мажот за можноста за создавање опасна ситуација на автопатот по што тој се согласил да застане.

Според полицијата, Мекарти не е обвинет за кривично дело, но полицајците ја разгледале таа опција.

Семејството на Мекарти побара од возачите кои ги земале парите пронајдени на автопатот да ги предадат на властите.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика