Утрински Весник
Свет

(Видео) Маж на Флорида снимен како плива во својата поплавена куќа по ударот на ураганот Ијан

(Видео) Маж на Флорида снимен како плива во својата поплавена куќа по ударот на ураганот Ијан

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од невремето на Флорида, а на едно од нив се гледа како во поплавена куќа плива човек.

dobivaj vesti na viber

На видеото кое го објави „Индипендент“, се гледа како во поплавената дневна соба плива маж.

„ Прекрасен ден за капење“ – се слуша како некој вели, додека човек плива во нечиста вода, а над него се гледа лустер.

Оваа снимка е направена на Флорида по разорниот ураган.

Откако ја погоди Куба, Ијан се упати кон Флорида, а повеќе од 2,5 милиони жители на американската држава, на брегот на Мексиканскиот залив, добија наредба за евакуација.

Со постојани ветрови од 185 км/ч, Ијан падна на копно на југозападна Флорида во средата во 15:05 часот по локално време во близина на Кајо Коста како бура од четврта категорија според Националниот центар за урагани (NHC).

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени