Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мавровски: Институциите веднаш да го испитаат работењето на директорот на битолскиот затвор Крајовски

(Видео) Мавровски: Институциите веднаш да го испитаат работењето на директорот на битолскиот затвор Крајовски
Ss2

Продолжуваме со изнесување факти и аргументи за тоа како се рефлектира управувањето на локалниот неспособен и крајно сервилен лидер на СДС со институцијата со која раководи. Прашуваме, дали навистина во битолскиот затвор владее тотален хаос и безредие? Дали постојано се прекршува Законот за извршување санкции и куќниот ред на институцијата?, истакна Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

dobivaj vesti na viber

„Дали во отворените одделенија затворските казни ги издржуваат само оние кои директорот Крајовски по лично, партиско или некое друго наоѓање ги одбира? Дали, во затворот институција која е задолжена и за ресоцијализација се извршуваат нелегални активности, квалификувани како тешки кривични дела? Дали дефинитивно со доаѓањето на Крајовски пропаднати е фармата, а земјиштето од 80 хектари уништено и необработено?“, прашува Мавровски.

300x250 (7)

Според него, тоа што Крајовски е крајно неспособен лидер на локалните сдсмовци, ама воопшто на крајот на краиштата никого не го засега, ама за злоупотреба на европски и пари на граѓаните и за тоталното безредие и хаос во институција како што е затворот, одговорност мора да има.

„Ги повикуваме институциите, по допрен глас да ги расчистат сите поставени прашања!“, рече Мавровски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби