Утрински Весник
Македонија

(Видео) Марјан од „ДоказМ“ останува во притвор, судијката се сомнева дека може да избега

(Видео) Марјан од „ДоказМ“ останува во притвор, судијката се сомнева дека може да избега

Марјан Стаменковски сопственик на порталот „Доказ М“ останува во притвор. Судијката Марија Клетничка Марковска кажа дека и натаму постои опасност од бегство. Продолжувањето на мерката притвор е до правосилност на пресудата, а најдолго 60 дена од денеска како ден за објава на пресудата.

dobivaj vesti na viber

„Против обвинетиот Марјан Стаменковски се продолжува мерката притвор. Одлуката е донесена поради основан став од бегство и опасност од криење, поради карактерот на кривичните дела за кои тој е огласен за виновен, видот и карактерот на истите, видот и висината на казната на кривичните дела, последиците од кривичното дело, степенот на кривичната одговорност, како и околноста дека тој нема постојано место на живеење – по лична карта живее на едно место, а живее на друго“, кажа судијката.

Ниту здравствената состојба, не го предомисли Кривичен, за да Стаменковски биде пуштен од притвор.

„Истите не се од релеванотно влијание, со оглед дека ако има влошување на здравјето, има медицински сектор кој може да пружи терапија и упатување во специјалистички одделенија“, додаде судијката.

Претходно, судијката Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“. Му изрече и забрана за вршење дејност. Посочи дека сите регистрирани домеини во МАРНЕТ на негово име ќе треба да се избришат, а во наредните 10 години ќе не може да регистрира нови.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор